Мицкоски кај Григориј, Филипче кај Партениј за Успение на Пресвета Богородица

Date:

Share post:

Лидерите на власта и на опозицијата, Христијан Мицкоски и Венко Филипче во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица посетија два макастира на МПЦ-ОА. ИЗборот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер, Мицкоски падна на Манасторот Свети Јоаким Осогоски, седиште на Кумановско-осоговската епархија и на владиката Григориј.

Од фотографиите што Мицкоски ги сподели на Фејсбук се глда како му бакнува рака на поранешниот митрополит Јосиф, а со актуелниот митрополит има срдечна пријателска прегратка.

Мицкоски и двајцата владици на МПЦ-ОА имале и средба.

Во пресрет на двата големи празници бев во посета на прекрасниот и живописен манастир Св.Јоаким Осоговски. Ремек дело на нашата култура, традиција и духовна посветеност. Да работиме за решавање на проблемите, да ги менуваме работите, за подобра иднина и просперитет на нашиот народ и земја, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Изборот на Венко Филипче, лидер на СДСМ бил Бигорскиот манастир, каде игумен е епископот Антаниски, Партениј, а манасторот е дел од Дебарко-кичевската епархија, со која раководи Митрополитот Тимотеј. Филипче таму бил во попладневните часови пред празникот.

Од фотографиите се гледа дека присуствувал и на вечерната богослужба. И Филипче имал средба со епсикопот Партениј.

-Ми беше голема чест и задоволство да го посетам манастирот Свети Јован Бигорски во пресрет на празникот Голема Богородица. Празниците се секогаш можност да се потсетиме колку се важни добрината, човечноста и солидарноста. За многу години празникот, напиша Филипче на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img