Оливера Трајковска е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници

Date:

Share post:

Оливера Трајковска е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни грипи. Дипломираниот теолог и постдипломец по психологија вчера поминала на владина седница како кадровско решение на местото прв човек за координација меѓу верските заедници.

Оливера Трајковска е од Куманово и на оваа позиција доаѓа како кадар на ЗНАМ. Во нејзината биографија пишува дека дипломирала на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Пред да дојде на функцијата диретор на КОВЗГ била Надворешен соработник, координатор на духовна академија „Св.Кирил и Методиј, сесловенските просветители“; Фондација за култура и спорт, Општина Куманово, како и надворешен соработник, на фондација „Елеуса“, Струмица (Струмичка епархија), надворешен соработник, Бадникови поворки; Здружение „Бадникови поворки“.

Во својата професионална кариера соработувала и голем број невладини организации.

Трајковска доаѓа на местото на Дарјан Сотоировски, чие име во јавноста се споменуваше како можно старо-ново решение.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите...

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...