Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Date:

Share post:

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите што ги добија, а со кои сега управуваат. Ова во гостувањето на поткастот Попкаст со Мартин Богатиновски, го најави митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован. Заедно со него епархии водат и епископите Марко, Делчевско-каменички и Јоаким, Илинденско-дељадровски.

Митрополитот Јован вели дека причината зошто оваа тема треба да се отври во Синодот е што овие три епархии, вака структуирани се финансиски неодржливи и нефункционали. Вели дека кога се решавало прашањето пред три години, тие не барале ништо, освен да се дојде до решение. Но, сега смета дека нефункционалноста на епархиите го доведуваб во прашање нивното административно одржување.

Со архиепископот имаме коректен однос. Сосема коректен однос. Немаме проблем, освен што нагласуваме дека на сите што ни беа доделени епархиите од поранешната ПОА се многу мали и нефункционални. Мене ми е подобро во мала епархија,  но тие се нефункционални. Нема доволно средства да се одржува администрацијата. Тоа е она што е проблем. Крушево е колку едно поголемо село. Демир Хисар нема ниту црква. Има една гробљанска црква. Таму е опустошен крај. Има едно село во демирхисарско во кое има двајца жители. Ние ништо тогаш не баравме. Целата работа беше да се реши проблемот и на се согласивме. Меѓутоа сега сакаме да го поставиме на дневен ред тоа прашање. Прашањето за функционалноста на епархиите, вели митрополитот Јован во интервјуто.

Тој зборуваше и за стаустот што сега го има МПЦ-ОА во православниот свет. Иако смета дека не треба да има определување меѓу Вселенската и Руската црква во нивниот глобален конфликт и дека треба да има единство со сите, сепак е дециден дека МПЦ-ОА во овој момент не автокефална црква за сите помесни православни цркви. Во интервјуто нагласува дека на Соборот на Крит 2016 година не е поставено прашањето за автокефалноста, со што не е воспоставено ново правило за доделување автокефалност, но ја нагласува општата реалност која ја дефинира како „Или, или“.

-Кој дава автокефалија? На подготвителните средби учествував и јас и тогаш беше отфрелн предлогот, затоа што имаше две иницијативи. Едната да остане дека само Вселенската патријашија може да даде конечен томос. А другата беше дека сите православни цркви дека треба да се согласат на предлог на Мајката црква. Бидејќи не се постигна консензус, тоа прашање на излезе на Крит. И сега останаа двете опции. Или или…  Ние го имаме едното или, ама ако го немаме и другото или, ќе останеме како што останавме сега..четири пет цркви, и другите никогаш нема да го признаат тоа, вели митрополитот Јован.

На прашањето каде го гледа решението, смета дека не се потребни два томоса.

-Со една одлука може да биде признато, ама ако се прифати тој начин, кој е првичен единствен дека мајката црква дава автокефалија, така ќе биде и понатаму, вели Јован.

Тој во разговорот зборува за прогните, заторот, како и за нашинот како се преговарало со СПЦ.

Погледнете го целото интервју.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Свештеник на УПЦ – Московска Патријаршија обвинет за убиство по тепачка во манастирот „Воздвижение на Чесниот Крст“

Прокурорите од Обласното обвинителство во Хмелницки, Украина, поднесоа обвинителен акт против 46-годишен свештеник за нанесување на тешка телесна...

Турција систематски ги прогонува христијаните под изговор на „национална безбедност“

На конференцијата за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во...

Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...