Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки крст висок 21 метар.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својата објава на Фејсбук соопшти дека новиот крст претставува симбол на верата, силата и духовното единство на македонскиот народ.
-Овој крст не е само железо и светлина, тој е вера што нè води, надеж што нè обединува и љубов кон Бога што блеска над целото Скопје. Нека светлината од овој крст ги осветлува нашите души, домовите и патиштата по кои чекориме секој ден! „Господ е со нас! “, напиша Стефковски

