Митрополитот г. Петар го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Date:

Share post:

Митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар според востановената традиција на прв ден Божик оствари посета на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола.

petar-vladika-1Може да се рече дека Божик е и празникот на децата и затоа продолжуваме да ја негуваме традицијата и веднаш по свечената богослужба во Храмот „Св.Димитрија“ и годинава сме со децата во Домот за доенчиња, истакна митрополитот г. Петар.

– Децата во Домот за доенчиња треба да ја почувствуваат радоста на Божик кој уште може да се рече празник на децата затоа што денес е роден богомладенецот Исус Христос. Овие прекрасни мали невини душички имаат потреба од љубов, имаат потреба од радост, од дружење и затоа и оваа година сме заедно со нив, посочи митрополитот г. Петар и подели божиќни пакетчиња и подароци за децата сместени во таа установа.

Митрополитот на преспанско пелагониската православна епархија г. Петар утре на втор ден Божик ќе богослужи во црквата „Свето Преображение“ во Прилеп, а на 9 јануари Божиќна богослужба ќе одржи во црквата „Св. Ѓорги“ во Ресен.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...