Тетовско-гостиварската Митрополија на 24.ноември, по повод 200 години (1816-2016), од печатењето на книгата „ОГЛЕДАЛО“ од игуменот Кирил Пејчиновиќ, во Лешочкиот манастир отслужи панихида.
Покрај надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеле и Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот и Кумановско-осоговски г. Јосиф.
Во организација на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија и Матица Македонска, беше промовирана книгата и „Огледало за Огледало од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ од авторот Борис П. Момироски Лешанин.
Промотори на книгата биле Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и проф.д-р Марко Китески.
Гостите по промоцијата ја посетиле и спомен собата на игуменот Кирил Пејчиновиќ која се наоѓа во манастирскиот конак.
/ТГЕ









