Почетна Вести Македонската црква во Детроит делеше храна и облека за бездомници

Македонската црква во Детроит делеше храна и облека за бездомници

807
1

500 оброци и облека поделила македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во Детроит САД, за денот на благодарноста. Оваа голема хумана акција, верниците на МПЦ од оваа црковна општина во САД ја прават за прв пат годинава и очекуваат дека таа во иднина ќе се претвори во редовна традиција.

Отец Синиша Ристовски, свештеник во оваа црква, за „Религија.мк“ вели дека најзаслужни за оваа хумана акција е женската секција во црковната општина, која уредно ги подготвила оборците со храна и облеката за бездомниците во Детроит.

-Ова го направивме за прв пат оваа година за денот на благодарноста  Thanksgiving. Сакаме нашата црква да влезе во системот на сите други религиозни организации кои секогаш на овој ден во градот Детроит помагаат на луѓе бездомници. Поделивме 500 оброци и облека за сите. Секој човек на овој ден треба да се потсети на сиромашните. И ние тоа го правиме како МПЦ и сакаме тоа да биде традиционално секоја година, вели отец Ристовски за „Религија.мк“.

Коментар(1)

  1. Господ да ви воздаде за вашиот благочестив труд. Вашата љубов е украс на нашата Света Црква, и радост за сите нас во Македонија кога читаме за вашите добри дела.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *