Митрополитите Јосиф и Јосиф му испратија порака на владиката Петар

Date:

Share post:

Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф и Кумановско-осоговскиот Јосиф му испратија порака на Владиката Петар дека стојат позади Игуменот Гаврил. Двајцата митрополити на МПЦ и Архимандритот Гаврил, кој деновиве е во посета на Македонија, денеска заеднички служеле во Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане.

Иако за многумина ова е само најобична вест за литургија во чест на денешниот празник, сепак познавачите на црковните состојби лесно можат да ја прочитаа пораката што двајцата Архиери му ја праќаат на владиката Петар.

Пораката има дополнителна тежина ако се знае фактот дека Владиката Петар минатата година се обиде двајцата епископи на МПЦ да ги инволвира во проблемот што тој го има во Австралија и да ги претстави како негови поддржувачи.

Лани во Јануари, кога Владиката Тимотеј беше во првата канонска посета на делот од епархијата со кој администрира, Владиката Петар со себе, во истовреме во Австралија, ги покани и Митрополитот на Тетово Јосиф и Митрополитот на Куманово Јосиф.

Поводот беше поставување камен-телник на зграда на Митрополијата во Австралија. Денес, една година подоцна верниците од Австралија велат дека на местото каде што беше поставен камен-темелникот се уште стојат само темелите, а од изградбата на објектот нема ништо.

Заедничката литургиска служба на двајцата Митрополити со Игуменот Гаврил е порака за нивна директна поддршка кон него во обидот на Владиката Петар да го расчини од архимансритскиот чин, по хајката што против Гаврил ја почнаа свештениците во Австралија, блиски до Владиката Петар.

Неодамна во едно интервју, г. Петар го обвини Игуменот Гаврил за „ерес“, посочувајќи дека неправилно ги вовел во Црквата своите духовни чеда во Австралија. Во истото интервју, Гаврил индиректно беше обвинет и дека е криминалец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...