Почетна Вести ИВАНОВ: Да градиме мостови на пријателство
ИВАНОВ: Да градиме мостови на пријателство

ИВАНОВ: Да градиме мостови на пријателство

94
0

-Одбележувањето на денот на првиот српски архиепископ значи почитување на неговото дело и на неговата мисла, како трајни вредности кои ги надминуваат етничките рамки, давајќи пример за сите кои живеат на овие простори. Неговото дело и учење нèобединуваат во заложбата за создавање подобра иднина, пишува Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во честитката до припадниците на српската заедница во Македонија, кои денеска го слават нивниот голем национален и верски пранзик.

Иванов посочува дека со јакнење на економските и културните односи меѓу двете земји се создава отворена и постојана политичка поддршка која влијае на приклучувањето на двете држави во големото европско семејство на народи.

-Убеден сум дека двете заедници, македонската заедница во Република Србија и српската заедница во Република Македонија, се повеќе од мост на поврзување. Меѓусебната доверба, меѓусебната соработка и разбирање се темелат врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани преку развивање и промовирање на етничкото, јазичното и културното наследство. Наша цел и во иднина ќе биде да градиме мостови на пријателства меѓу двете земји, притоа градејќи ги иднината и просперитетот на нашиот регион. За многу години празникот., стои во четитката од претседателот Ѓорге Иванов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *