Милионер од Алжир ги плаќа казните за носење бурка во Европа

Date:

Share post:

Во Австрија од 1 октомври стапува на сила законот со кој се забранува носење на бурки и никаб, а казната ќе изнесува 150 евра.

Меѓутоа, милионер од Алжил, Рачид Неказ, најави дека ќе ги плати сите казни за жените кои што ќе добијат за носење на бурка.

Неказ преку неговата организација ги плаќа сличните казни и во Франција, Белгија, Холандија и Швајцарија. Тој вели дека не е заговорник за носење на бурки, но својот ангажман го објаснува со заштитата на верските слободи.

– Ако се прифаќаат верските слободи, тогаш мора да се прифати и начинот на кој што таа вера се покажува, вели Неказ кој досега има платено околу 300 илјади евра казни.

Себастијан Курц, австрискиот министер за надворешни работи кој ќе се кандидира и за премиер во своите настапи остро ја нападна мигрантската политика и кажа дека не му се допаѓа ангажмот на Неказ.

/A1on.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...