Почетна Анализа Главниот ревизор на Ватикан бил принуден на оставка
Главниот ревизор на Ватикан бил принуден на оставка

Главниот ревизор на Ватикан бил принуден на оставка

188
0

Првиот главен ревизор на Ватикан, кој во јуни без објаснување поднесе оставка, го прекина молкот и објави дека бил принуден да отстапи под притисокот на обвинувањата откако открил докази за можни незаконски активности.

Разговарајќи со новинарите од четири медиумски куќи вклучително и Reuters во канцеларијата на своите адвокати во Рим, Либеро Милоне, исто така, вели дека верува оти некои во Ватикан сака да забави настојувањата на папата Франциск насочени на спроведување на финансиските реформи.

Поединости за неправилности кои го разоткријат, како што тврди, не е во можност да ги открие поради договорот за тајност за податоците. Reuters не успеал независно да ги потврди неговите обвинувања, коишто Ватикан одлучно ги отфрла.

Заменикот државен секретар на Светата столица, надбискупот Џовани Анџело Бециу, изјавил во интервјуто за Reuters дека обвинувањата на Милионе се „лажни и неоправдани“.

„Одел против сите правила и ги шпионирал приватните животи на своите надредени и вработени, вклучително и мене. Да не се согласеше да поднесе оставка, ќе го тужевме“, изјави.

Челникот на ватиканската полиција Доминико Џани изјави дека Reuters дека постојат „несоборливи докази“ против Милоне. Ни Бециу ни Џани не понудиле подетални објаснувања на своите тврдења.

Милионе го напушти Ватикан две години откако со голема помпа беше именуван за да се воведе поголема транспарентност во повремено нејасните финансии на централа на Римокатоличката црква.

Во време кога ја поднесуваше оставката, со уште три години до истокот на договорот, ниту Ватикан, ниту Милоне, поранешен претседател на управата и извршен директор на глобалната сметководствена компанија „Deloitte“ во Италија, не дадоа никакви објаснувања за неговото заминување, само откри дека станува збор за „договорна одлука“.

Милоне, кој претходно работел во Обединетите нации и во автомобилскиот гигант „Fiat“, тврди дека Бециу утрото на 19-ти јуни му наредил да поднесе оставка. Му било речено дека од него било барано да отстапи од темелната седуммесечна истрага на ватиканската полиција.

„Фактите коишто ми беа претставени утрото на 19-ти јуни беа лажни, фабрикувани. Бев шокиран. Појаснувањата не беа со ништо веродостојно втемелени“, истакнува Милоне,

Бециу и Џани истакнуваат дека на Милоне му бил понуден изборот: да поднесе оставка или да се соочи со јавна тужба на ватиканските судови. „На одреден начин, ја штитевме неговата репутација“, појаснува Бециу.

Милоне вели дека го обвиниле за злоупотреба на средства бидејќи ангажирал надворешна компанија за проверка на безбедноста на компјутерите во канцелариите во Ватикан во коишто работел заедно со уште 14 вработени, вклучително и неговите двајца заменици.

Во документот со кој ватиканското обвинителство го одобрува претресот на канцеларијата ден по неговата оставка, кој адвокатите на Милоне ги покажале на новинарите, стои дека спроведувал истраги „јасно кршејќи“ ги статутите на неговата служба, како и дека без одобрение се занимавал со работите на високопозиционираните членови на Црквата.

Милоне рекол дека тоа се однесува на неговата истрага за сомневањата околу можниот судир на интересите на еден италијански кардинал, чиешто име не сакал да го открие. Неговата истрага не пронашла ништо, но Милоне тврди дека е убеден оти е казнет затоа што воопшто и ја започнал.

Неговите проблеми започнале на 27-ми септември 2015 година, кога се посомневал дека некој провалил во неговиот компјутер. Контактирал надворешна компанија да ги провери надзорните уреди, којашто, пак, открила неавторизиран пристап во неговиот компјутер.

Агенцијата Reuters не успеала независно да потврди за која компанија станува збор, ниту какво бил заклучокот од нејзината истрага.

Бециу рекол дека постојат докази дека надворешен договарач му помогнал на Милоне во шпионирањето на другите.

Милоне тврдел дека по 12 часа испитување во ватиканската полиција, одлучил да го потпише писмото со оставката за да го „заштити своето семејство и репутација“. На прашањето поради што чекал три месеца за да ја раскаже својата страна од приказната, рекол дека му било потребно време да размисли „и да остави работите да слегнат“.

Кон средината на јули писмено сѐ му објаснил и на папата, но овој не му одговорил, рекол Милоне. Бециу вели дека папата ја знаел за истрагата и дека доказите против Милоне пред да му е кажано да отстапи.

/НЕТПРЕС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *