Во седиштето на Сбербанк во Москва била отворена меѓународната конференција „Патување низ светот на вештачката интелигенција“ (AI Journey — 2025), еден од најзначајните форуми посветени на современите технологии и етичките предизвици поврзани со нивната примена.
Кулминација на првиот ден од конференцијата била панел-дискусијата „Иднината со вештачка интелигенција“, во која учествувал и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Говорејќи за воведувањето на AI во секојдневието, тој истакнал дека државата мора да спречи создавање на „интелектуална елита“ која ќе знае да ја користи вештачката интелегенција, додека останатото население ќе остане само на ниво на „притискање копчиња“. Тој нагласил дека развојот на когнитивните способности мора да биде достапен за огромното мнозинство граѓани и дека националните технолошки платформи треба да се градат врз сопствена интелектуална база и традиционални вредности.
На конференцијата присуствувале и претставници на традиционалните религиски заедници во Русија. Тие ја погледнеле изложбата посветена на интеграцијата на вештачката интелигенција во современото општество. Исто така, биле спроведени и интервјуа со претставници на релевантните владини агенции и деловната заедница.

