Меѓународен конкурс за фотографии на тема: “Света Софија, Храмовите на Мудроста Божја во историјата и во светот”

Date:

Share post:

Интерпарламентарното Собрание на Православието (И.С.П.) www.eiao.org во рамките на својата активност за промоција и зачувување на христијанската православна култура и во соработка со веб-страницата OrthPhoto.net го организира третиот по ред натпревар за фотографија и ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на истиот. Целта на натпреварот е да се потенцира значењето на „Мудроста Божја“ во современиот свет и да се промовираат храмовите кои со векови биле подигнати во нејзина чест.

Храмот на Светата Божја Мудрост во градот на градовите, Истанбул, „Големата црква“, „Големиот манастир“, е уникатен споменик со универзален карактер кој „му припаѓа на човештвото и на светското културно наследство“. Света Софија од Цариград беше примерот кој беше проследен со изградба на стотици храмови до денес, низ целиот православен свет токму  посветени на Мудроста Божја.

Наградите на конкурсот, за секоја од двете области: Гранд награда 500 евра, 1-ва награда 300 евра, 2-ра награда 200 евра, 3-та награда 100 евра.

Линк до вебсајтот на конкурсот:  http://hagiasophia.orthphoto.net/, линк до Facebook account:  https://www.facebook.com/HagiaSophiaTheChurchesOfWisdomOfGod/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...