На плоштадот Свети Петар во Ватикан е поставена подвижна медицинска станица во која прва помош и медицински третман ќе им биде укажуван на бездомниците.
Иницијативата е на италијанското здружение „Солидарна медицина“ кое е благодарно, што Папата Франциск тоа го дозволил и на тој начин уште еднаш дал конкретен знак на милосрдие за бездомниците.
Во новата медицинска станица ќе работат лекари од здружението кои со задоволство го прифатиле овој нов предизвик.
Ова здружение смета дека вакви медицински станици треба да се направат уште на многу места особено во римските преградија.

