Поглаварот на Исламската верска заедница ги додели новите сертификати за компаниите кои ги исполнуваат условите за храна произведена по „Халал“ стандардот.
Меѓу македонските производи кои ќе можат да ги користат муслиманите секаде во светот, па и во арапските земји е и ајварот на струмичката компанија „Мамас“.
Сертификатите за „Халал“ стандард, беа доделени на Ифтар вечерата што поглаварот на ИВЗ ја организираше за овие компании, како и за медиумите.
„Халал“ Сертификат добија и Благој Ѓорев во Велес, Бако Нутс Скопје, Везе Шари, Ука Комерц, Вори и други компании
Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи изјави дека „Халал“ сертификатот е сигурна гаранција за голем пазар за македонските производи. На Ифтар вечерата беше присутен и новиот министер за Еконоимија, од кого ИВЗ очекува продолжување на субвенциите за компаниите кои сакаат да го обезбедат овој сертификат.











Аирлија! Христијани уште една компанија на списокот не-јади јадења за Православните!