На денешната средбата на премиерот Димитар Ковачевски и папата Франциск, премиерот му дал неколку подароци.
Како што соопштија од Владата, Ковачевски на папата му подарил рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.
Пораките за надеж и желба за просперитет во постпандемскиот период но и во време на справуавање со најголемата криза досега одекнуваат силно по посетата и во тој дух верувам дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средбата со папата Франциск во Ватикан.
Како што јави известувачот на МИА од Рим, Ковачевски и папата Франциск се согласиле дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување и политики.
Премиерот информираше дека е отпочната иницијатива за потпишување на договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица , со кој ќе се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и ќе се унапреди соработката во обласи од заемен интерес.
-Од огромно заедничко значење и интерес е и натамошното унапредување на институционалната соработка меѓу Националната библиотека „Св.Климент Охридски“ и Ватиканската библиотека за соработка и размена на искуства во реставрацијата , конзервацијата и дигитализацијата на материјалите на книжното наследство, како и за соработка меѓу Архивот на Ватикан и Државниот архив на Република Северна Македонија, изјави Ковачевски по тет-а-тет средбата и аудиенцијата кај папата Франциск по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.


Papata sigurno e zbunet, a i jas, kako toa potomci te na Antičkite Makedonci slavat Seslovenski prosvetiteli, a posebno što na nego, katolik, došle da mu go čestitaat denot na Seslovenski pros vetiteli. Navistina čdno.