Коњановски: Во недела го правиме вистинскиот избор за Битола (ВИДЕО)

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, ги повика граѓаните да излезат на гласање на изборите на 19 октомври и да ја поддржат неговата визија за развој и обнова на градот.

Screenshot

-Оваа кампања ја минавме заедно, по улиците, во маалата и селата. Ви благодарам за секој предлог, за секоја поддршка и секоја искрена критика. Во тоа е силата на нашата заедничка визија – Битола да продолжи да се развива и да биде наш најубав дом, на кој сите ќе бидеме уште повеќе горди, рече Коњановски.

Тој истакна дека во изминатите четири години заедно со граѓаните покажале дека зборот може да стане дело и дека најдоброто допрва доаѓа.

-Битола е еден град, едно семејство, без поделби, без исклучоци. Овие избори се избор за нашите деца, за современ и достоинствен град, за јасна визија на развој и иднина, додаде Коњановски.

Граѓаните ги повика да гласаат за континуитет, стабилност и нови успеси и нагласи дека неговата цел е Битола да остане обединета, горда и сплотена околу подобра иднина за сите.

Видеото може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...