Верски календар: 7 Февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Блажен Нивард.
Бил најмлад од петмината браќа на славниот средновековен светец св. Барнард. Кога неговите браќа во 1112 година одлучиле да стапат во редот на цистерците, Нирвард имал десет години. Нивард разговарал со својот најстар брат Гуидо, а тоа непрекинато се повторувало во хагиографската книжевност. Кога браќата ја напуштале родителската куќа, Гуидо го набљудувал Нивард како игра со другите деца, го поздравил и му рекол: “Целиот наш имот ќе ти остане тебе”. Нивард му одговорил: “Тоа не е праведна поделба”. Кога пораснал, Нивард им се придружил на своите браќа и живеел свет монашки живот.