
Руската православна црква (РПЦ) се надева дека Грција нема да подлегне на притисокот од голем број европарламентарци и службеници во Брисел и ќе ја зачува духовната традицијата и историскиот статусот на Света Гора како мултинационален центар на целиот Православен свет. Ова на прес-конференција во Русија, а воедно и како порака до Грција го испратил претставникот на Одделот за надворешни црковни работи на Московската Патријаршија, протојереј Игор Јакумчук.
Одговарајќи на прашањето за тоа како треба да се одговори на изјавите кои доаѓаат од Европскиот парламент, дека моменталната состојба на Света Гора не се во согласност со законодавството на Европската унија и дека таа мора да се промени, Јакумчук истакнал дека кога Грција влезе во Европската унија, прашањето на статусот на Света Гора беше посебно издоговорен.”
“Ова прашање е внатрешна работа на Република Грција и Европската унија нема право за законски да интервенира, иако, се разбира, сите овие години видовме притисокот врз Грција, за да го промени статусот на Света Гора, – изјавил шефот на секретаријатот за односи меѓу православните цркви, изразувајќи надеж дека тој притисок од ЕУ нема да вроди со плод.
Света Гора, полуостровот во североисточниот дел на Грција, е посебна самоуправна административна единица во рамките на грчката држава. Ова е едно од главните места за аџилак во православниот свет. Таму се чуваат непроменети древните монашки начини на живот. Влез на територијата на Света Гора е забранет за жените. Евентуално влегување се казнува како кривично дело до една година затвор.