Верски календар: 14 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Максимилијан Колбе.
Бил роден во Полска во 1894 година. На 13-годишна возраст стапил во фрањевачкиот ред. По успешното школување станал свештеник. Бил побожен кон Светата Богородица. Основал градови во Полска и Јапонија кои ги нарекол Безгрешна Девица каде бил мисионер. Во градовите основал печатници за печатење книги со едукативна верска содржина. Кога се вратил во Полска за време на Втората светска војна, Германците го одвеле во концентрациониот логор Аушвиц. Кога била издадена наредба за погубување на десет логораши, Максимилијан се пријавил да биде погубен наместо еден од логорашите. Поради истрајноста во верата во логорот, бил прогласен за светец. Верниците му се молат за истрајност во верата

