Кој му дал право на портирот од Архиепископија да навредува универзитетски професори, новинари и да шири меѓуетнички говор на омраза?

Date:

Share post:

Одредена група, меѓу нив за жал и свештеници на МПЦ-ОА, веќе подолго време на социјалните мрежи шири говор на омраза, навреди и клевети, особено, кон претставници на клирот на МПЦ-ОА, новинари, аналитичари и универзитетски професори, кои ќе напишат што било различно од тезата дека „спасот за МПЦ-ОА е во Русија“. Сите се прогласени за предавници, и врз нив се повикува на линч. Последен во низата такви ликови кои се расфрла со говор на омраза по социјалните мрежи е Тони Стефановски, портир во македонската Архиепископија.

Тоа е практично првиот човек со кој ќе се сртенете, заради неговиот опис на работното место, кога ќе влзете во Архиепископијата.

Прашањето кое се поставува е каква слика испраќа МПЦ-ОА за себе, кога портирот исправа Теологија, а истовремено шири етничка омраза на социјалните мрежи?

Дополнителни ако се разгледа неговиот фејсбук профил, воопшто не е тешко да се заклучи за неговата и политичка и верска идеологија. Во Архиепископоијата на МПЦ-ОА секојдневно влегуваат претставници на разни институции, разни политички провениенции, но и различни дипломати. Сите нив ги пречекува човек за кој Путин и неговата воена агресија во Украина е света војна на православието.

Галерија на ставови:

1 COMMENT

  1. Веќе и да се насладуваме на оваа ваша беспомошност: до портирот во зградата на Архиепископијата ли стасавте? Ситно се чешла, нема што. Можеме да замислиме како изгледа Вашиот новинарски кодекс и идеја за слобода на говор и мислење! Ги има кои мислат дека Црквата е некој вид ропство, а Вие насекаде разгласивте дека е скапоцена слобода за сите Нејзини членови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...