Синодот на МПЦ-ОА, во официјалното соопштение, денеска не соопшти дали на синодската седница, во полн состав, било отворено и прашањето за избор на администратор, или на митрополит на испразнетата Австралиско-сиднесјка епархија. Со оваа епархија администрираше исто така покојниот владика Тимотеј и сега синодот треба да избере негов наследник. По смртта на Тимотеј, со оваа епархија времено управива архиепископот Стефан.
Според досегашните неофицијални информации за оваа епархија се спомнуваа неколку имиња, но засега нема никаква официјални потврди.
Едно од сценаријата е како администратор во Австралија да замине Струмичкиот митрополит Наум. Втората опција е тој во Сиднеј да замине како Митрополит, а во исто време на тронот на Струмичката епархија како митрополит да биде избран сегашниот викарен епискп Јаков.
Но, последните неофицијални информации зборуваат за друга варијанта. Таа подрзабира како митрополит на Австралсико-сиднејската епархија да биде испратен епископот Велички Никола, викар на владиката Петар.

