Климент: Транспарентноста и заемната комуникација со медиумите се особено значајни

Date:

Share post:

Епископот Хераклејски Климент од 1 јануари ја презеде функцијата портпарол на Синодот на МПЦ-ОА. Во интервјуто за црковниот портал, Литургија.мк, епископот Климент вели дека позицијата на портпарол за него е ново послушание што го добиил од Синодот.

-Свесен сум дека говорењето пред лицето на јавноста е голема одговорност и уверен сум дека транспарентноста и заемната комуникација меѓу Црквата и јавноста се особено значајни. Истовремено, знам дека моето досегашно искуство е недоволно доколку не се пројави благодатта за да ме упатува кон она што ми е доверено со новата задача, вели отец Климент за Литургија.мк.

-Доколку се навратиме на поблиското минато, ќе се потсетиме дека и Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, тогаш како Брегалнички Митрополит, уште во осумдесеттите години бил портпарол на Синодот. На таа позиција тој е за време на мандатот на Архиепископот Гаврил, продолжува за време на Архиепископот Михаил и останува сè до 1999 година кога е избран за Поглавар на МПЦ–ОА. По неговиот избор за Архиепископ, за портпарол на Синодот назначен е блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј кој на тоа место е од 1999 до 2024 година. Дедо Тимотеј дваесет и пет години беше црковен гласноговорник. Јавноста го памети по неговиот карактеристичен настап во еден исклучително важен период исполнет со различни предизвици за нашата Црква. Со него како портпарол нè поврзуваат речиси две декади соработка. За нас вработените во Канцеларијата на Синодот тој беше непосреден архијереј кој несебично го споделуваше и пренесуваше стекнатото искуство, вели портпарилот на Синодот во Интервјуто.

Функцијата портпарол во МПЦ–ОА постои четириесет години. Тоа наследено искуство ќе ви биде од полза?

Да, секако дека ќе се ползувам од искуствата и на двајцата портпароли затоа што благодарение на нивниот влог во македонското црковно јадро беа поставени основите за градење релации со медиумите и јавноста. И двајцата имаа различен пристап, но настапуваа со иста цел. Нашево време кое е под притисок на брзите технолошки промени и мноштвото информациски канали бара постоечкиот комуникациски модус да биде надградуван. Тоа подразбира нагласена транспарентност и употреба на разбирлив јазик што навремено информира со цел на јавноста јасно да ѝ бидат предочени црковните ставови, одбегнувајќи ја можноста за погрешни интерпретации и недоразбирања. Во современото македонско општество од голема важност е кога Црквата го знае влијанието и практично ги разбира значењето и улогата на медиумите, вели Отец Климент.

Епископот Климент ја извршува и функцијата Секретар на САС на МПЦ-ОА.

Целото илнтервју на Литургија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...