Кипарскиот Архиепископ Хризостоим, кој е во посета на Сирија најави отворање на училиште за сириските деца кои живеат на Кипар. Овој проект бил договорен на средбата со министерството за образование на Сирија и на Кипар.
Архиепископот Хризостом, утре ќе има средба и со сирискиот претседател, Башар Ал Асад, на чија покана е во посета на Сирија.
Денеска пак, заедно со Антиохискиот патријарх, Јован во Соборниот Храм во Дамаск отслужија заедничка литургија.
ГАЛЕРИЈА:



















