Холивудските актери Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман присуствувале на специјална средба во Ватикан, организирана за филмските уметници од различни земји. Настанот ги обединил актерите, режисерите и продуцентите во рамки на културна програма посветена на улогата на современото кино.
Кејт Бланшет му подарила на Папата сина алка, симбол на поддршка за раселените и бегалците низ светот. Спајк Ли, пак, како долгогодишен навивач и амбасадор на спортската култура од Њујорк, му подарил персонализиран дрес од New York Knicks со името „Pope Leo“ и бројот 14 – гест кој предизвика посебно внимание кај присутните. Лесли Ман исто така беше дел од делегацијата, претставувајќи ја американската филмска сцена наовој културно-уметнички собир.
Присуството на познатите актери во Ватикан беше дочекано со интерес од медиумите, бидејќи ваков собир на филмски уметници и духовни лидери е редок пример на поврзување меѓу уметноста и глобалните општествени теми.

