Ако празнувањето на српскиот светец Св.Сава е најголемиот и најзначајниот српски религиски настан, зошто српскиот владика Порфириј овој ден ќе го слави во Скопје?
-Ова е прво прашање кое ми се наметнува како логична радозналост, а верувам и на секој кој има барем малку капацитет за логичко расудување.
Навистина не ми е јасно како само во нашава држава никој не се осудува да ги преиспитува надворешните политики, практики, доктрини и намери на соседните земји. Кај нас активностите на соседите се третираат како теми за дневна политика, за палење на рајата кога тоа е погодно за партиските рејтинзи, кога треба пред избори или за да се предизвика некаква популистичка реакција која ретко кога е базирана на интелегентни основи, а најчесто се однесува на активирање на елементарните и рудиментарни чувства кај плебсот.
Мизеријата е во тоа што се наметнува политика на размислување дека подобро е да бидеме нечии вазали, отколку свои на своето. И сега се прави замена на преференцата чии вазали сакаме да бидеме. Грците се лоши, Бугарите го сакаат Охрид, Албанците пола Македонија. Ок, така е. Ама зошто пак се оправдува се поочигледната намера на големосрпската идеја? Зошто кај нас се попроминетен станува ставот „подобро Белград да не земе отколку Софија“?
А зошто некој да не земе? Јас на пример не сакам да бидеме ничии вазали. Јас би сакал Македонија да биде Македонска. Не грчка, бугарска, албанска или српска. Само маекдонска Македонија.
За жал, поразителните податоци дека Македонија се наоѓа на дното (претпоследни во Европа) по коефициентот на интелегенција со 81.9 поени, не изненадува тоа што поминуваат сечии големодржавни идеи, и софистицирани обиди за асимилација. Така, малку по малку се почеста е и идејата за „стара Србија“ или „Вардарска Бановина“ која редовно се користи колоквијално во јавниот дискурс. Помалку наивно спомната, невино кажана со цел да стане нормална како идеја.
А како најлесно се асимилира народ, ако не преку верата.
На пример, дали знаете дека традицијата на пресекување на дабово гранче за Бадник воопшто не е христијанска традиција туку пагански обичај кој со веквои бил напуштен во Македонија. Колку за илустрација, словенските народи на овие простори верувале дека дабот е божество па го молеле за здравје, бериќет, плодност и што уште не нудејќи некрвни жртви пред дабовото дрво. Луѓето оставале храна, мед, грав, леќа барајќи од дабовото дрво да ги благослови.
Оваа традиција започнува повторно да се појавува во кралството СХС како еден вид покажување на некаков културолошки континуитет со старите словени. Потоа благодарение на војската на кралството СХС оваа традиција се наметнува и на другите народи, а особено во Македонија за да служи како доказ дека станува збор за истиот народ со исти традиции.
Оттаму произлегува и српската „до каде се сече Бадњак до таму е Србија“.
Е сега за прашањето, зошто владиката Порфириј е во Скопје а не во Белград за време на славењето на најголемата српска слава Св.Сава?
Зошто не служи во соборниот храм Св.Сава во Белград, туку во Скопје?
Знаете ли кој бил Св.Сава и што значи тој за Македонската Православна Црква и Охридска Архиепископија?
Знаете ли кој ја поделил Охридската Архиепископија и кој и го одземал Црногорското крајбрежје на Охридксата Архиепископија?
Формирањето на Српската црква во Средниот Век под Свети Сава е еден мошне контроверзен момент во историјата на православието. Овој настан е директно поврзан со специфичниот историски контекст на 13. век, кога Источното римско царство (Византија) беше ослабено поради освојувањето на Константинопол од страна на Латините во 1204 година. Вселенскиот патријарх, како глава на Православната црква, бил принуден да се повлече од Константинопол и својата управа да ја пренесе во градот Никеја, што довело до значителна дезорганизација на црковната власт и оставило празнина во управувањето со некои црковни територии.
Свети Сава, син на српскиот владетел Стефан Немања, ја искористил оваа историска слабост на Византија и на Вселенската патријаршија. Во 1219 година, преку дипломатски напори и вешти маневри, тој успеал да издејствува автокефален статус за Српската црква од страна на Вселенската патријаршија во Никеја. Со тоа се создала нова црковна јурисдикција, која била независна од постојната црковна организација во регионот, особено од Охридската архиепископија, која дотогаш ги покривала и тие земји на свети Сава.
Охридската архиепископија, како носител на духовната власт над тие области, го доживела овој потег како незаконско и канонски неправилно отцепување. Архиепископот Охридски, Димитриј Хоматијан, изразил силен протест против ваквиот развој на настаните. Во своите писма, Хоматијан остро ја осудил одлуката на Свети Сава и ја сметал за црковно бесправна, бидејќи тој самостојно и без благослов од Охрид, како надлежна јурисдикција, се прогласил за глава на новата црковна структура. Тој истакнал дека овој чин е спротивен на каноните на Црквата и ја нарушува вековната традиција на јурисдикциската надлежност на Охридската архиепископија над српските земји.
Охридската архиепископија, под раководството на Хоматијан, вложила големи напори да ја зачува својата јурисдикција, но поради ослабената состојба на Византија и недостатокот на политичка поддршка, не успеала да го спречи создавањето на новата автокефална Српска црква.
Иако Српската црква со текот на времето станала значаен фактор во православниот свет, не може да се занемари дека нејзиното основање било проследено со канонски контроверзии и нарушување на традиционалните црковни структури. Протестот на Димитриј Хоматијан останува сведоштво за отпорот на Охридската архиепископија против ваквиот преседан.
Тука се поставува и прашањето: ако тогаш важело правилото дека Вселенската патријаршија дава Томос за автокефачност, како тогаш денес тоа нејзино право е оспорувано и тоа токму од тие кои се ползувале од тоа право?!
Славењето на Свети Сава во Македонија е не само некоректен, туку и тенденциозен чин, кој го понижува не само статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, туку и целиот македонски народ. Овој обичај, вовлечен преку разни парацрковни структури и здруженија, претставува отворена провокација и обид за историографска и културна манипулација, која цели кон подривање на македонската национална и духовна самобитност.
Следствено, да се слави Свети Сава – личност која бесправно се отцепила од Охридската архиепископија и го нарушила вековниот поредок на канонската јурисдикција – во Македонија е исто како да се одобрува историскиот чин на отцепување што ја ослабна моќта и влијанието на Охридската архиепископија. Свети Сава не е фигура што може да биде неутрален духовен симбол во Македонија; тој е директен симбол на српската црковна експанзија и политичките претензии кон териториите на Охридската архиепископија, кои историски биле под македонска јурисдикција.
Македонската православна црква, која конечно го доби своето меѓународно признавање како канонска црква и која е наследник на Охридската архиепископија, се соочува со овој чин како со тивок, но опасен удар врз нејзиниот идентитет и легитимитет. Славењето на Свети Сава во Македонија, без оглед на формата или изговорот, всушност го промовира симболот на едно црковно и политичко минато кое го оспорувало и поткопувало постоењето на нашата црква и на нашата нација. Ова не е духовна или културна прослава; тоа е политичка порака која го негира историското право на МПЦ-ОА како легитимен наследник на древната Охридска архиепископија.
Свети Сава, како симбол на српскиот црковен и национален идентитет, нема никаква врска со македонската историја и култура. Неговото славење во Македонија е непочитување на македонските историски и национални заслуги. Тоа е директна навреда кон народот што со векови страдал за својата духовна и национална слобода, борејќи се против асимилациските политики, од кои српските претензии играле значајна улога.
И затоа се доаѓа до заклучок дека зад овие прослави, на толку високо ниво, не стои духовна потреба или христијанска побожност. Тие се дел од поширока политичка агенда за влијание врз Македонија, која се спроведува преку црковните канали. Овие обиди да се поткопа суверенитетот на МПЦ-ОА и да се потврди „културно-историската“ врска со Србија се ништо друго освен обид за ревизија на историјата и влијание врз македонската јавност. Славењето на Свети Сава во Македонија е спротивно на нашата историска вистина, на канонското право и на достоинството на православниот народ од Македонија.
Зошто вакви соодветни прослави не се организираат за Светите Кирил и Методиј, за Свети Климент и Наум во Белград? Дали таму не се препознаваат овие светители како универзални просветители на сите Словени? Или можеби не се гледа нивното историско значење како темелот на словенската писменост и христијанската култура? Ако се промовира идејата за духовно и културно заедништво, тогаш зошто овие славни македонски светители, кои имаат заслуга за целиот православен свет, не се чествуваат во Србија со истата ревност и величие? Очигледно е дека двојните стандарди и селективниот пристап кон историјата не служат за градење на братска љубов, туку за политички манипулации и асимилациски агенди. Македонија останува жртва на овие тенденции кои го понижуваат нејзиното достоинство и идентитет.
Пишува: А.Митовски (infomax.mk)
Зошто вакви соодветни прослави не се организираат за Светите Кирил и Методиј, за Свети Климент и Наум во Белград?
Дан сећања на мисионарство и визионарство браће која су остала упамћена као „словенски апостоли“ из времена јединствене хришћанске цркве обележава се и у другим словенским земљама: Русији, Пољској, Чешкој, Словачкој, Украјини и Северној Македонији. Од 2019. године Дан словенске писмености и културе је државни празник у Републици Србији.
Sapienti sat.
Кога Македонската заедница во Србија ќе организира духовна академија во чест на Св. Кирил и Методиј или за кој било македонски Светител, и кога ќе го покани Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан на тој настан, тој слободно ќе одлучи дали сака да присуствува на свечениот собир во Србија и сигурна сум дека во таков случај ќе биде дочекан со сите почести од Српскиот Патријарх Порфириј. Затоа, со сета почит кон сите можни гестови на патриотска будност, не се обидувајте да потпалите војна таму каде што се зацарил вистински мир положен врз искрена меѓусебна љубов, и тоа во Името Христово. Св. Сава не ни не можеме да го гледаме како непријател: тоа е Светител Божји, човек кој се откажал од своето царско величие за да го охристови својот народ. И ние денес, не само Србите, сме му благодарни за тоа. Зарем мислите дека ќе беше поедноставно за нашиот меѓусоседски соживот да го имавме српскиот народ како нехристијански соседен народ? Значи, Патријархот Порфириј можел да свештенослужи во храмот на Св. Сава во Белград на пр. (каде што традиционално има грандиозно празнување на неговиот свет спомен), но наместо тоа решил да ја почести со својот благослов српската заедница во Македонија, па и целиот православен христијански народ којшто иако нема во полн состав да присуствува на академијата, во своите срца го љуби секој христијански Светител и му се радува на братољубието. Инаку, некои од архиереите навистина умеат да ги користат своите мистични дарови и за благобитие и за умножување на добробитието на народите.
… настрана споредувањата со српските или со било кој други комшиски а наши МАКЕДОНСКИ,прашањето е чии се кирил и методиј имајќи во предвид дека живееле и работеле за време на риморомејското(византиското) царство,при што нивнaта дејност која нам на МАКЕДОНЦИТЕ,ни се прикажува како нешто свето а тие всушност го препрајле – уништиле древното МАКЕДОНСКО ПИСМО,исфрлувајќи дестина букви – другите ги видоизмениле и како такво ни го наметнале.Второ што многумина не сакаат да согледаат и да прашаат која била потребата во 9 век христијанизирање и покрстување на МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ кои уште во првиот век од апостолот Савле ја познале и примиле Верата за и во Словото Божјо – Лидија Македонката*, и по Словото Божјо кое го ширеле биле наречени и именувани како СЛОВЕНИ служители на Словото Божјо !!
Što ste se tolku vozbudile?. Pa dali ste slušnal deka i GG Stefan pa i drugi arhierei na MPC odat vo poseta na našata dijaspora vo Avstralija, Amerika, Kanada i sekade vo svetot kade što ima Makedonci i tamu služat, pa znači li tao deka e napadnuta samobitnosts na dotičnata država lili nacija?Makedonci vo Srbija nemaat potreba za Makedonska crkva, oti SPC ja smetaat za svoja crkva . Taa ne pravi razlika pomeđu Makedonec i Srbin tuku smeta deka toa e ist pravoslaven narod.
Свети Сава е се православен светител!
Сите си имаат интерес, но не сите бараат од нас да си го смениме името, затоа ич да не се секирате коефициент 81 е и преку доволен за Македонците да заклучат кој е поштетен и попогубен за нив.