Верски календар: 21 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Пио Десетти.
Бил роден во 1835 година во Италија. Кога станал свештеник работел со верниците помагајќи им на сиромашните. Бил назначен за бискуп на Мантова, а потоа станал патријарх во Венеција. По смртта на папата Леон Тринаесетти бил избран за папа. Како папа се истакнал со побожен живот и организација, така што 30 години по неговата смрт, црквата го прогласила за светец. Му се молат свештениците за успех во духовната работа со верниците.

