Верски календар: 02 Октомври
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Светите ангели чувари.
Во христијанството е втемелено верувањето дека Господ Бог на секој човек при раѓањето му одредува еден ангел кој ќе го следи во секој момент од неговиот живот, ќе го чува од опасни работи и ќе го потикнува на добри дела. На денешен ден посебно се слават тие ангели и луѓето им се молат за да ги чуваат и штитат од душевното зло, поточно од гревот, но и од сите несреќи. Постои и посебна молитва за ангелот чувар која католиците како деца ја учат и секој ден со неа се молат.