Верски календар: 20 март
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Благословен Маурициј.
Бил роден во 1270 година во Угод, во Унгарија. Во 1301 година се оженил со Катарина, ќерката на палатинот Амадеј Аба. По три години брачните другари се договориле да одат во два доминикански манастири, кои се наоѓале на брегот на света Маргарета кај Будим. Така станале монаси. Маурициј умрел во манастирот во Гјор, во 1336 година.