Кардиналскиот совет за реформи три дена ќе ги крои новите рамки за реформите на „Ватиканскиот дворец“. Советот почна со работа во понеделникот на 11 Април, а ќе трае до утре.
Папата Франциск на советот присуствувал денеска и на првиот ден.
Кои заклучоци и во која насока би биле идните реформи што „Ватиканскиот дворец“ треба да ги спроведе, ќе биде појасно веќе утре, кога Кардиналскиот совет ќе објави официјално соопштение.
На последната седница од февруари, Кардиналскиот совет за реформи на „Ватиканскиот дворец“ разговараше за прашања поврзани со Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни, Државниот секретаријат, како и за синодалноста на Црквата.

