Какво време за Велигден ја очекува Македонија?

Date:

Share post:

Во Македонија во среда уште едно невообичаено студено априлско утро со утрински температури кои ќе се движат од -3 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Студениот северен ветер ќе престане и ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени,а максималната дневна до 20 степени. УВ индекс 7

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во крајните западни и северозападни предели ќе создаде услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Дневните температури од 16 до 24 степени.

Во периодот од петок до недела, за време на велигденските празници, Македонија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе донесе доста нестабилно време. Во петок максималните температури од 12 до 21 степен, во сабота од 17 до 26 степени, додека пак во недела ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...