Дали Кумановско – осоговскиот митрополит Григориј критички ги коментираше одлуките на НАТО самитот од Хаг, со кои земјите членки се согласија а зголемување на буџетот на 5% од БДП за одбрана.
Фејсбук страницата на Кумановско-осоговската епархија објави краток коментар, со потпис на митрополитот Григориј, со прилично остра содржина, нарекувајќи ги шефвите на држави и влади, меѓу кои беше и Претседателката Сиљановска Давкова „миротворци“ во наводници.
-Се издвоија чудовишни финасиски средства за трговците со топови. „Миротворците“ на демократските држави, облечени во цивилна облека, нѐ убедуваат дека нивните аѓутанти немаат воена униформа“. Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, објави КОЕ.
Иако во постот НАТО не се споменува, сепак периодот на објавување се поклопува со самитото, а целокупниот коментар може да се чита во таа насока.
Македонските владици, честопати знаат да коменираат политички настани, но некои наидуваат на критики, некои не. Сличен став за одлуката на НАТО, со која се согласува и Македонија, во државата искажа и проруската Левица.