Како африканските земји го прославуваат Божик?

Date:

Share post:

Стотици милиони христијани во Африка имаат единствени обичаи поврзани за денот кој го одбележува Христовото раѓање.

afrika-3Христијанството е застапено на африканскиот континент уште од средината на првиот век, а се проценува дека денес дури 350 милиони Африканци се со христијанска вероисповед.

Тоа е причина зошто жителите на Африка имаат бројни и навистина едиствени празнични традиции, како забава со маски и вечери под ведро небо.

ЕТИОПИЈА

Жителите на оваа земја го слават Божик на 7 јануари и овој празник го нарекуваат Гана. Ритуалите поврзани за Божик во Етиопија почнуваат веќе на првиот ден на постот, кој е проследен со црковна служба и храна која е сочинета од зготвено месо, зеленчук и леб од кисело тесто.

Иако многу семејства и пријатели не разменуваат подароци како што е тоа случај на Западот, луѓето обично се собираат во голем број за да уживаат во игрите и спортските активности.

ГАНА

Божикот во Гана се смета за добро заслужен одмор, бидејќи тоа е период кој се поклопува со крајот на жетвата на какаото. Слично како и Европјците и Американците, семејствата во Гана ги украсуваат своите домови со сијалички, свеќи и светликави украси. За многу верници, тоа е само почеток!

afrika-2На Божик, празникот се прославува со уште поголем жар. Во Гана многу внимание се посветува на семејниот ручек, кој најчесто се состои од козјо месо, зеленчук и супа. Тогаш се одржува црковна служба на која се собираат граѓаните и се организира голема, шарена празнична парада.

ЛИБЕРИЈА

Наместо Дедо Мраз, во Либерија веројатно ќе го забележите старецот Бајака, т.е. ѓавол кој наместо да дарува подароци, шета низ улиците и се моли за населението.

Вообичаените честитки со кои се честита Божик, Либеријците ги заменуваат со реченицата: „Ве молам дајте ми нешто убаво за Божик”.

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА КОНГО

Во оваа земја Бадникот е многу важна. Црквата традиционално организира големи музички вечери (многу цркви имаат најмалку пет или шест хорови) и божиќна претстава. Овие претстави можат да траат многу долго, бидејќи самиот почеток симболизира создавање на рајска градина, а се завршува со приказната за кралот Херод кој ги убивал родените машки деца.

На Божик, многу семејства се трудат да подготват подобра храна од обично. Ако можат да си дозволат, тие задолжително на празничната трпеза ставаат малку месо (пилешко или свинско), а остатокот од денот главно се поминува мирно и тивко во кругот на семејството.

НИГЕРИЈА

Во Нигерија, многу семејства на Бадник уживаат во забава која трае цела ноќ! Потоа, на Божик наутро, тие одат во црква да се заблагодарат на Бога.

Традиционалниот Божиќен ручек, подразбира месо – говедско, овчо или пилешко, како и ориз јолоф и гулаш.

ЗАПАДНА АФРИКА

Многу области во западна Африка имаат специфични и необични традиции.

afrika-4Во Сиера Леоне и во поголемиот дел на Гамбија, градовите и селата организираат маскенбали, така што насекаде се чувствува празнична атмосфера.

Божик е еднакво верски и општествен настан бидејќи за празникот ширум регионот се собираат семејствата и пријателите заедно да уживаат во храна, спорт и размена на подароци.

/МИА/ Национална географија – Вашингтон

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...