Јован од Корча чувар на тронот до избор на нов албански Архиепископ

Date:

Share post:

Митрополитот на Корча, Јован е избран за Местобљустител на Архиепископскиот трон на православната црква на Албанија. По смртта на архиепископот Анастасиј, Синодот одлучил да прогласи петдневна жалост, почнувајќи од  од 25 до 29 јануари 2025 година.

Во вторник на 28 јануари пред Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, ќе биде пречекано телото на покојниот Архиепископ, по што ќе биде изложено за народно поклонение во Соборниот храм преку целата ноќ до наредниот ден, среда, 29 јануари 2025 година.

-Опелото да се одржи во четврток, 30 јануари, во 11:00 часот, по завршувањето на Божествената Литургија, стои во одлуката на Синодот на Албанската црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img