Новиот поглавар на автономната јапонска православна црква, која е под Московската патријаршија, Митрополитот Серафим, вчера беше устоличен во катедралата „Свето Воскресение“ во Токио.
Устоличувањето го изврши Митрополитот Волоколамски Антониј, шеф на Одделот за надворешни црковни односи. Серафим беше избран за поглавар на Јапонската црква на 29 септември, по упокојувањето на поранешниот поглавар митрополитот Даниел, кој ја водеше Црквата 23 години.
Божествената Литургија со устоличувањето беше на јапонски, црковнословенски и англиски јазик.
 На Малиот вход, беше прочитана резолуцијата на Советот на Јапонската црква за изборот на Серафим Сендаиски како митрополит Токиски и цела Јапонија, а потоа Митрполитот Антониј го прочита указот на Патријарх Кирил за канонско одобрување на изборот.
На Малиот вход, беше прочитана резолуцијата на Советот на Јапонската црква за изборот на Серафим Сендаиски како митрополит Токиски и цела Јапонија, а потоа Митрполитот Антониј го прочита указот на Патријарх Кирил за канонско одобрување на изборот.
Како одговор, Митрополитот Серафим му изрази благодарност на Пататријархот Кирил за неговата татковска грижа за Јапонската црква и му се заблагодари на Митрополитот Антониј за неговото учество во службата. Тој зборуваше и за важноста од зачувување на единството на Јапонската црква со Руската црква.
Серафим е роден на 23 март 1951 година. Во православие поминал во 1987 година.
Од 1987 до 1990 година студирал на Православната семинарија во Токио. Се замонашил на 20 август 1999 година. Во чинот Игумен бил подигнат на 6 септември 1999 година, а во архимандрит на 9 јануари 2000 година.
На 15 јануари 2000 година е посветен за епископ Сендаиски. Советот на Јапонската православна црква одржан од 6 до 7 јули 2019 година, му ја додели титулата викар на Токио.
Тој беше избран за чувар на јапонскиот исконски трон на 11 август 2023 година, ден по упокојувањето на поранешниот Митрополит Даниел.

