Иванов и Вартоломеј: Дијалогот МПЦ и СПЦ да ги има предвид реалностите

Date:

Share post:

ivanov i vartolomej slika 3Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за време на работната посета на Република Турција,  имаше средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I, на која биле разменети мислења за повеќе актуелни теми од взаемен интерес‎.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, го запознал  Вселенскиот патријарх за актуелностите поврзани со Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нагласил дека сите разлики и спорови треба да се надминуваат преку дијалог, во духот на христијанството и меѓусебното почитување и разбирање.

Во тој контекст, македонскиот претседател истакнал дека го охрабрува и очекува дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ да се обнови и да се интензивира, и притоа да ги има предвид реалностите како и надежите и стремежите на верниците на двете цркви.

На средбата, претседателот Иванов му честитал на Вселенскиот патријарх за неговите иницијативи, активности и напори за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии и за таа цел ги поздравил неговите средби и контакти со Папата Франциск, но и со другите религиски водачи.

‎- Кога целиот свет со соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка силна посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит, истакнал македонскиот претседател.

Изразувајќи задоволство од воспоставените односи на лично пријателство и меѓусебно разбирање, Иванов истакнал дека средбите со Патријарх‎от Вартоломеј, секогаш се карактеризираат со отвореност, искреност и меѓусебно почитување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...