Историска средба на папата со големиот имам на Ал Азхар

Date:

Share post:

Папата Франциско денеска имаше историска средба со големиот имам на Универзитетот Ал Азхар во Египет, шеик Ахмед ал Тајеб, по повеќедецениските тензични односи меѓу двете религиозни институции, соопшти Ватикан.

papa i golem imam 2Папата Франциско и шеикот Ал Тајеб одржале 25-минутна средба во личната библиотека на понтифот, а потоа имамот и членовите на неговата делегација разговараа со кардиналот задолжен за меѓурелигиски дијалог.

– Пораката од нашата средба е самата средба, посочи папата.

Тоа е прва таква средба во Ватикан. На 24 февруари 2000 година папата Јован Павле Втори го посети тогашниот голем имам на Ал Азхар, шеик Мохамед Сејед Табтави во Каиро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img