Ирачката организација „Народен фронт за мобилизација“ тврди дека одговорноста за терористичкиот напад во центарот на Берлин ја презела „Исламската држава“ (ИД), јавуваат германските медиуми.
Ирачката организација своето тврдење го базира на податоци од џихадистички профили на социјалните мрежи во кои влегле нејзините членови со помош на технологија за декриптирање.
„Народен фронт за мобилизација“ е организација формирана од ирачката влада а составена е од 40 различни вооружени групи од сите верски, етнички и политички профили во Ирак кои што имаат цел борба против Исламската држава.
Пред три недели ИД ја презеде одговорноста и за нападот на сомалиски бегалец кој нападна студенти на универзитет во Охајо а предходно презеде одговорност и за нападите во Ница, Париз, Брисел и неколку инциденти во Германија.
Германското разузнавање инцидентот на плоштадот Брајтшајд до црквата Кајзер Вилхелм во Берлин го истражува како да е терористички напад.
