Имамот на Каба, Саудиска Арабија, шејх Махер ал-Муајкили е во официјална посета на Исламската верска заедница во Македонија.
Ал-Муајкили пристигнал вчера на скопскиот аердором, каде бил пречекан од поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи, а подоцна со организиран свечен прием имал средба со целото раководство на ИВЗ во Скојпе. Како што објави ИВЗ, нба средбата бил и абасадорот на Саудсика Арабија.
Имамот ба Каба (Мека во Саудиската Арабија), вчера вечерта во Куманово ја посетил џамијата, Татар Синан, каде се собрале голем број верници за намаз молитва.
-Сите улици што водеа кон џамиите беа исполнети со џемат кој со нетрпение го очекуваше гласот на еден од најпочитуваните имами во исламскиот свет. Имамот на Каба беше придружуван од реис-ул-улема на Исламската верска заедница на Северна Македонија, хафиз х. Шаќир еф. Фетаи, заедно со неговиот кабинет составен од најблиските соработници. Во Куманово делегацијата беше пречекана од муфтијата на Куманово, Абедин еф. Имери, кој изрази голема благодарност и висока почит за присуството на имамот на Каба во нивниот град, нагласувајќи дека оваа вечер ќе остане незаборавна за многу генерации, стои во соопштението на ИВЗ.
По клањањето на намазите, Фетаи му ги пренел на шејх Махер емоциите на џематот од Македонија, истакнувајќи дека верниците се чувствуваат како да е самата Благословена Каба донесена меѓу нив.
-Тој подвлече дека присуството на имамот на Каба претставува духовен подарок за умметот во нашата земја и голема мотивација за зајакнување на единството и побожноста. Шејх Махер ал-Муајкили потоа се обрати на џематот со неколку курански поуки. Тој ги повика верниците да бидат истрајни во намазот, цврсто да се држат до зборот на Аллах и да го исполнат својот живот со добри дела, скромност и љубов. Неговите пораки ги допреа срцата на присутните, носејќи спокој и побожност, исто како што езанот на Каба носи мир на милиони муслимани, стои во соопштението.

