
300
0
Верски календар: 01 Ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Сите Свети.
Според католичкото учење, сите кои се на небото се светци, а нив ги има многу повеќе отколку што ги има во календарот. Затоа црквата вовела празник, кој ги слави Сите Свети. Ние им се молиме поради разни проблеми, а молитвите наши тие ги изнесуваат пред Господ за да ги исполни тоа за што се молиме. Светците се наши адвокати пред Господ. Тие ни даваат пример да живееме побожно и да правиме добри дела.