Брегалничкиот митрополит г. Иларион за десетгодишнината од востоличувањето на тронот на Епархијата од Архиепископот г.г. Стефан и Синодот на МПЦ на подарок добил архиерејска митра. Митрополитот г. Тимотеј на Митрополитот г. Иларион му подарил панагија.
Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф му подарил архиерејско стапче. Високопреподобниот архимандрит Партениј од името на братството и сестинството при Бигорскиот манастир Му подари панагија.
Подароци од типот на одежди, жезол и архиерејски одличија, Митрополитот иларион добил и од останатите гости од општините кои се наоѓаат во неговата Епархија.
На Светата Архиерејска Литиргија на која беше одбележан јубилејот присуствуваа и Олег Шчербак амбасадор на Р. Русија во Македонија, Претседателката на верските зедници во РМ Валентина Божиновска, поранешни пратеници во Собранието на РМ, Градоначалниците од Источна Македонија.
ГАЛЕРИЈА:





















