Грузиската патријаршија ја примила делегацијата предводена од архимандрит Продромос, игумен на Светата Велика Лавра на Света Гора, која престојувала во Грузија во рамки на нивната поклонничка мисија.
Делегацијата беше свечено пречекана од митрополит Сио Муджири, намесник на Патријаршискиот престол на Грузија, како и од други архиереи, свештеници и претставници на патријаршијата.
Средбата се одвивала во атмосфера исполнета со „братољубие и топлина“, во духот на вековната поврзаност меѓу Грузија и Света Гора. На средбата било нагласено дека токму со молитвите и благословот на свети Атанасиј Атонски, чија мајка била Грузијка, грузиските монаси во X век го основале прочуениот манастир Ивирон на Света Гора, еден од највпечатливите изрази на духовната и историската поврзаност меѓу Грузиската црква и атонската заедница.
Во разговорите било потенцирано дека во последните децении, благодарение на визијата и трудот на Патријархот Илија II, односите меѓу Грузиската православна црква и Света Гора значително се продлабочуваат. Година по година, ова духовно единство се зацврстува преку заемни посети, благослови и пастирска соработка.
Посетата на архимандрит Продромос претставува уште еден чекор во долготрајниот процес на зајакнување на духовните врски меѓу двете православни традиции

