И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Date:

Share post:

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм кој ќе ги собира на литургии во Утрех. Ова е уште една радосна вест за Европската епархија, која се реализира со благослов на надлежниот архијереј Митрополитот Пимен.

-На 15 октомври 2025 година, Македонската православна црковна општина „Свети Стефан“ во Утрехт, Холандија, доживеа историски и радосен момент. Со благослов на надлежниот епархиски архиереј на Европската епархија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Пимен, членовите на Црковно-управниот одбор, парохискиот свештеник отец Захариј, претседателот на ЦО г. Ѓорги Трајков и г. Бранко Гошев го потпишаа купопродажниот договор со кој официјално нашинците се стекнаа со сопствен објект и придружен простор во градот Утрехт. Овој објект ќе биде пренаменет и уреден како македонски православен храм, посветен на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан – небесниот покровител на оваа заедница. Со тоа, верниците на МПЦО „Свети Стефан“ добиваат свој духовен дом, каде што ќе можат да се собираат на света литургија, молитва и заедништво во верата, објави епархијата.

-Само неколку дена подоцна, на 18 октомври 2025 година, членовите на општината, исполнети со благодарност и ревност, организираа работна акција за чистење и уредување на дворот и околината на новокупениот објект. Оваа благословена вест претставува уште едно сведоштво за живата вера и посветеност на македонскиот народ во дијаспората, како и за постојаниот духовен раст на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Слава на Бога за сите Негови дарови!, велат од Европската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img