Пеењето песни станува забавен момент за македонските владици. Откако Преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар ја отпеа „Послупајте патриоти“ на поменот за Методија Патчев, со своите гласовни способности се пофали и Европскиот митрополит г. Пимен.
Но, за разлика од г. Петар, Отец Пимен во својот репертоар избрал забавна мелодија. Тој на својот фејсбук профил го сподели и видеото каде со музичка подлога од гитара ја пее „Валерија“ од Драган Каранфиловски Бојс.
Погледнете!


Можевте да отпеете и барем една за Успението на Св. Методиј Солунски, на денот на неговиот празник. Па и да беше новокомпонирана… ама со тоа вдахновение. Во суштина, ако човек се поучува во внатрешното знаење (не мислам на Исусовата молитва, туку на внатрешното знаење, кое е сосем поинаков подвиг и благодатен дар), може да пее за некоја Валерија, а притоа да Му воздава слава на Бога поголема од онаа што би можел да ја допре преку црковните химни. Но Вашата податност и истенчена чувствителност за белосветската естетика на извесни масовни популарни, најчесто западни субкултури ми ја одзема надежта дека станува збор за таков подвиг.
Вдахновение на безумност заради Христа и повисок степен на тој суптилен подвиг? Да Го допреме сите Воскреснатиот Христос барем преку молитвите на нашите славни и боголико штедри и саможртвени Светии, кои секогаш можат да Му го принесат нашето смирено покајание само ако искрено го побараме од нив како лач на Неискажливата Исцелителна Светлина Христова, со која не’ известува за прошката што ни ја пружил дури и ако како разбојници сакавме да прескокнеме преку оградата на трлото и не се обидовме да ја отвориме Вратата Која е Самиот Тој, и да се облечеме во свадбената облека на Неговата величествена Венчавка со нас, Човештвото Негово, кое го повика за Своја Невеста и Вечна Црква! Зашто затоа воскресна Господ…
FOOL Силата на буквата и неколку и световни стихови не го надминуваат благочестивиот ЖИВОТ во црна риза.
🙂
Шизик на ризик 🙂