Почетна Вести Бигорски со нов и одлично дизајниран сајт
Бигорски со нов и одлично дизајниран сајт

Бигорски со нов и одлично дизајниран сајт

610
0

Бигорскиот манастор, кој е еден од ретките манастири на Македонската Православна Црква, кој води исклучителна грижа за информирањето на верниците и запознавањето со суштината на православната вера направи редизајнирање на својата интернет страница.

Новиот сајт на Бигорски е една уникатна и одлична интернет платформа, лесно прегледна и со многу достапни и корисни информации.

На сајтот покрај секојдневни новости од животот на монасите, како и информации од православниот свет, има богати податоци за историјатот на манастирот, како и исклучително вредни текстови од духовен аспект за верниците.

Она што е нов и интересен, но и значаен момент е делот „каталог“ каде можат да се видат и нарачаат уникатните митри и икони што ги изработуваат монахињите од Бигорската обител. На сајтот се поставени и сите изданија од духовната ризница на Бигорски.

Новиот сајт е на кирилична домеинска поддршка со кодот МКД. (бигорски.мкд), но и на стандардната латинчна поддршка bigorski.org.mk

Религија.мк им честита на бигорските монаси и Архимандритот Партениј за трудот што го вложуваат во едукацијата и информирањето на јавноста.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *