И Ватикан твита стихови од Дејвид Боуви

Date:

Share post:

Меѓу илјадниците пораки и изјави на сочувство посветени на Дејвид Боуви, кој почина пред десет дена, забележителна е пораката на претседателот на Понтификалниот совет за култура на Ватикан, еден од фаворитите за папа на претходниот избор, кардиналот Џанфранко Равази.

Преку социјалните мрежи, на својот статус на Твитер, кардиналот изразува сочувство, пренесувајќи ги славните стихови од Space Oddity: “Ground Control to Major Tom Commencing countdown, engines on Check ignition and may God’s love be with you (David Bowie)”.

„Контролната кула до мајорот Том,

Започнува броењето наназад,

Вклучи ги моторите,

Провери го палењето,

И љубовта Божја нека биде со тебе“.

И ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“ си спомнува за Дејвид Боуви како за „личноста која никогаш не е досадна“.

„Пет децении со рок музика поминати со артистичка посветеност, која може да се чини во контрадикција со употребената двосмислена претстава, пред се на почетокот на кариерата, за да го привлече вниманието на медуимите, се вели во весникот на Светата Столица.

„Тој успеа да реализира вистински бисери, како што е Heroes, едноставна рок химна посветена на момчињата од Берлин додека се уште беше разделен од ѕидот и успеа да предизвика растечки консензус во текот на годините“.

Ватиканскиот весник си спомнува и за интервјуто на ББС од страна на кентерберискиот архиепископ Џастин Вилби, поглавар на Англиканската црква, кој за Боуви беше рекол: „Се сеќавам дека непрестано ги слушав неговите песни, пред се во седумдесеттите години и секогаш го почитував тоа што беше, тоа што го правеше и неговото влијание кое го имаше“.

И францисканците од Базиликата Сан Франческо од Асиси се потсетуваат на пеачот, истакнувајќи ја „неговата длабока духовна димензија потврдена и од фактот дека тој обично се молел секое утро“. На главната веб страница на францисканската заедница, поставени се зборовите на артистот: „би сакал да живеам во Асизи, затоа што тоа е како да живееш во рајот“.

Но, според „Њујорк тајмс“, ова е премногу за некои католици кои се чувствуваат изириритирано. Така, во една своја реакција до католичкиот магазин „Crisis“, Џорџ Ратлер, свештеник  од Менхетн говори за “misplaced grief” за музичар кој служи како модел за „деградација“ и „порок“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...