На списокот личности кои јавно му честитаа роденден на рускиот претседател Владимир Путин се запиша и Српскиот патријарх Порфириј.
-Нека благодата Божја на нашиот Исус Христос, молитвеното застапништво на Пресветата Богородица и духовната поддршка на Светиот Сергеј Радоњишки бидат секаде со Вас да ви даваат на Вас добро здравје, дух на мудроста, духовна сила, љубов, мир и радост, пишува патријархот Порфириј во честитката за роденденот на Путин.
Како што објави прес службата на СПЦ, на крајот од честитката Патријархот му се заблагодарил на Претседателот на Руската Федерација на истрајното залагање за јакнење на многувековните врски меѓу двата братски народи и двете сестрински Цркви.