Хуманитарен појадок на “Розевата панделка” во Црквата Света Петка во Сиднеј

Date:

Share post:

Во Неделата на 23 Октомври 2016 во црковната сала при ЦО Св. Петка од Рокдаел – Сиднеј, во организација на женската секција при истата ЦО се одржал донаторски појадок на “Розевата панделка” (Pink Ribbon Breakfast).

Појадокот го благословил игуменот Гаврил, а настанот добил поддршка и од фондацијата “Розевата панделка” од Сиднеј.

3Ова е веќе осма година по ред како се организира овој хуманитарен настан и со тоа се помага во борбата со болеста рак на дојката. Интересно е да се потенцира дека оваа благородна акција почнала во периодот кога оваа Црковна општина немала редовен парохиски свештеник. Денес оваа ЦО припаѓа во новформираната Австралиско-Сиднејска Епархија, раководена од Владиката Тимотеј.

Заинтересираноста и посетеноста за овој појадок наменет за хуманитарни цели е огромна. Биле присутни повеќе од 300 жени, Македонки. Целиот приход остварен од овој настан се донираа оди за хуманитарни цели.

1-Голема благодарност за големиот број на спонзори и донатори, без кои оваа акција немаше да биде успешна.  Болестите се дел од нашиот живот и не бираат кој ќе го погодат, затоа Нашиот народ вели: “направи добро, за да те снајде добро. Посакуваме овие собрани пари да се најдат некому во животот и да го направат среќен, потенцирал Игуменот Гаврил на свеченото отворање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here