Хиротониса ли БПЦ клирик на друга црква – како тој учествуваше во изборот на нов патријарх?

Date:

Share post:

На 10 декември минатата година, Светиот Синод на Бугарската православна црква со мнозинство од седум гласа го избра архимандрит Климент Страхилов за епископ со титула Левкијски, назначувајќи го за викар на митрополитот за САД, Канада и Австралија, Јосиф.

Одлуката предизвика недоумение во јавноста и кај дел од клирот, бидејќи архимандрит Климент беше познат како брат на Зографската света обител на Света Гора и клирик на Вселенската патријаршија.

Бугарските медиуми пишуваат дека во текот на заседанието на Синодот било поставено прашањето за недостиг на канонско отпустително писмо од Вселенската патријаршија, што е услов за канонски прием во клирот на БПЦ. Сепак, архиерејското мнозинство сметало дека е доволно сведоштвото од Зографскиот манастир дека Климент е ослободен од неговото братство.

На 13 декември порталот „Доксологија“ и други медиуми предупредија дека епископска хиротонија без одобрение на Свештениот Кинотис претставува сериозен канонски проблем. И покрај тоа, на 15 декември 2024 година, во патријаршиската катедрала во Софија, архимандрит Климент беше хиротонисан за епископ Левкијски.

Подоцна, на официјалната страница на Бугарската патријаршија беше објавено мислење на канонско-правниот советник на патријархот, според кое приемот на Климент во клирот на БПЦ е извршен регуларно и канонски. Но, ова толкување се коси со канонско-правната регулатива на Света Гора, што ја отвори дебатата за канонската исправност на целата постапка.

Целиот текст ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Одбележани 10 години од осветувањето на црквата во Кавадарци

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ-ОА сослужуваа на денот на Света Петка во црквата во Кавадарци....

Партениј служеше во црквата во Дебар

Дебарчани и годинава се собраа во градската црква Света Петка за да го одбележат празникот и возобновената традиција...

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...