Хамнеи: САД сакаат судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија

Date:

Share post:

Врховниот ирански верски лидер, ајатолах Али Хамнеи денеска изјави дека САД сакаат да предизвикаат регионална криза односно судир помеѓу Саудиска Арабија и Иран.

Тој ги повика САД да го напуштат Блиски Исток, наведувајќи оти „секоја сила која ќе го предизвика Иран ќе биде поразена“.

– Еден од начините да се провоцира Иран е да се користат неискусни лидери во регионот. Тие се обидуваат да испровоцираат судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија, муслимани да се борат против муслимани, изјави Хамнеи.

Реакцијата на Хамнеи уследи по вчерашната изјава на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Иран е дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток.

– Иран го дестабилизира целиот овој реон. Таа земја поддржува милиции и терористички групи. Ги снабдува со оружје бунтовниците Хути во Јемен. И го поддржува убиствениот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведе Помпео.

Тридневната турнеја на Помпео во Саудиска Арабија, Израел и Јордан е со цел да се запознаат сојузниците со американската политика кон Иран.

Аналитичарите оценуваат дека Помпео е поостар кон иранската Влада од неговиот претходник Рекс Тилерсон, кој сакаше САД да не се повлчекуваат од нуклеарниот договор со Иран.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here